Невил со совет до Манчестер јунајтед: Барса цело време ги прави овие финти, немојте да наседнувате

by bojan
1 минути читање

Легендата на „ѓаволите“, Гери Невил вели дека е неприфатливо тоа што го прави Барселона и го советува Манчестер јунајтед да не попушти, да си бара 30 милиони за трансфер на Маркус Рашорд.

„Каталонците“ имаат опција за 30 милиони евра во целост да го купат Маркус Рашфорд, но во последно време се говори дека Барселона не може да си ја дозволи оваа сум и ќе се обиде да договори нови услови со клубот од Олд Трафорд.

Ваквиот развој на настаните не му се допаѓа на Гери Невил, кој смета дека Барселона секое лето ги прави овие финти и го повика Манчестер јунајтед да не попушти ниту едно евро.

„Рашфорд за Барса одигра преку 40 натпревари, постигна 11 погодоци и забележа 10 асистенции, повторно е опасен по противничкиот гол. Заслужува честитки, се врати во форма“ – вели Гери Невил.

„Но сега Барса вели дека не може да ја плати договорената сума од 30 милиони евра. Тоа е смешно!“

„Манчестер јунајтед им го позајми кога очајно им беше потребен таков профил на играч и постави сосема фер услови“.

„Рашфорд одигра добро, си ја крена цената и сега некој сака се пазари? Тоа е неприфатливо“.

Тој потоа додаде: „Јунајтед мора да стои цврсто и да стави крај на оваа фарса. Барселона секое лето прави вакви финти. Ако го сакаат Рашфорд, нека платат како што е договорено, ако не го сакаат, нека го вратат назад“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×