Баерн: Олисе во Реал Мадрид? Нема шанси!

by riste
0 минути читање

Во Баерн Минхен не сакаат ниту да слушнат за продажба на Мајкл Олисе, кој се промовираше во еден од најважните фудбалери на германскиот тим.

Некои медиуми го поврзуваат Олисе со трансфер во Реал Мадрид, но тој има активен договор со Баерн Минхен до јуни 2029 година.

„Олисе во Реал Мадрид? Не, едноставно не, нема шанси“, вели директорот на Баерн, Еберл.

„Имаме долгорочен проект, Олисе се чувствува многу убаво тука“.

Според „Трансфермаркт“, моменталната вредност на Олисе е дури 140 милиони евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×