Лучано Спалети и официјално стави потпис на нова соработка со Јувентус, а новиот договор ќе има важност до 30 јуни 2028 година.
„Пресреќни сме што го продолживме договорот со Лучано за уште две сезони. Откако Лучано стана дел од нашето големо семејство на Јувентус, тој веднаш имаше многу позитивно влијание врз играчите, целиот клуб и целата заедница. Уште од самиот почеток беше јасно за сите дека Лучано е вистинската личност да го води тимот на патот на развој“, изјави извршниот директор Дамиен Комоли по потписот.
Спалети во Јувентус пристигна на местото на Игор Тудор оваа сезона и очигледно во Торино се задоволни од неговата работа. Претходно во кариерата беше тренер уште на: Емполи, Сампдорија, Венеција, Удинезе, Анкона, Рома, Зенит, Интер и Наполи.
Исто така помина еден период и како селектор на Италија.