19
Иако се најавуваше дека ќе остане, Алисон Бекер би можел летово да го напушти Ливерпул.
Според „Газета дело Спорт“, голманот дал зелено светло за трансфер во Јувентус. Дури се пишува дека преговорите меѓу двете страни веќе се во напредна фаза.
„Старата дама“ го гледа Алисон како замена за Микеле Ди Грегорио кој има променлуива форма и клучен фактор во битката за титулата следната сезона.
Бразилецот сезонава има 34 настапи, прими 36 гола и на 13 натпревари ја сочува мрежата недопрена.