Ливерпул потврди: Уште една икона си оди од „Енфилд“

by 24 фудбал
0 минути читање

Еден од клучните играчи во модерната историја на Ливерпул, Енди Робертсон, на крајот од сезоната ќе го напушти „Енфилд“ како слободен играч.

Шкотскиот лев бек пристигна во 2017 година од Хал Сити и за кратко време се изгради во незаменлив дел од тимот. Во дресот на „црвените“ одигра 373 натпревари и освои бројни трофеи, меѓу кои и Лигата на шампиони и Премиер лигата.

Оваа сезона ја загуби стартната позиција, па разделбата беше очекувана. Интерес за него покажуваат Наполи, Јувентус, Атлетико Мадрид и Тотенхем.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×