23
Ливерпул имаше катастрофална вечер на „Паркот на принцовите“ загуби со 0-2 од ПСЖ, но на тренерот Слот му е јасно дека резултатот можеше да биде уште полош.
По натпреварот Слот даде срамна изјава, изрази среќа и покрај поразот. Нешто што не е типично за тренер на голем клуб.
„Среќни сме бидејќи загубивме само со 0-2. Но, жал ми е за првиот гол. Оставивме минимален простор и топката се одби од блокот за потоа да заврши во нашата мрежа. Но, ПСЖ имаше многу шанси и добро е за нас што сè уште сме во игра. Сега одиме на Енфилд и знаеме колку можат да ни значат навивачите. На реваншот ќе биде поинаку“, изјави Слот.