Симеоне со валкани тактики против Барселона, побарал една работа од своите фудбалери

by bojan
1 минути читање

Како што пренесува весникот Спорт, Диего Симеоне побарал од своите фудбалери да го провоцираат Ламин Јамал вечерва, напаѓачот ако добие жолт картон, ќе го пропушти реваншот.

Барселона вечерва го пречекува Атлетико Мадрид во првиот натпревар во четвртфиналето во Лигата на шампиони, а како што пренесува весникот Спорт, гостите имаат подготвено посебна тактика за Ламин Јамал.

Главниот фокус нема да биде на тоа како целосно да се неутрализира младата ѕвезда, идејата на Чоло Симеоне е да го испровоцира Ламин Јамал и тој да влезе во бележникот на судијата.

Доколку добие жолт картон, Ламин Јамал ќе биде суспендиран за реваншот, и Барса ќе биде во сериозни проблеми со оглед на тоа дека надвор од комбинација ќе биде и Рафиња.

Весникот Спорт додава дека се очекуваат рани тактички фаули за да се прекинат неговите продори, како и двојно маркирање за да се натера Ламин Јамал да ја прима топката со грб свртен кон голот, како и многу вербални дуели и дофрлања.

ФОТО: fb/Atlético de Madrid

Можно е и ова да ти се допаѓа

×