Премиерлигаш подготвен да плати 30 милиони евра за босанскиот талент!

by 24 фудбал
1 минути читање

Младиот босански талент Керим Алајбеговиќ се најде во центарот на вниманието по одличните настапи за репрезентацијата, а интерес за него покажуваат повеќе европски клубови.

Иако сезонава настапуваше за Салцбург, Баер Леверкузен ја активираше клаузулата и за осум милиони евра го врати во своите редови, откако претходно го продаде во Австрија.

Германскиот клуб сега планира повторно да го продаде во летниот преоден рок и да заработи значително поголема сума, а најконкретен е Манчестер Јунајтед.

Според последните информации, англискиот гигант е подготвен да издвои 30 милиони евра за 18-годишниот фудбалер и веќе стапил во контакт со Леверкузен со цел трансферот да биде реализиран пред почетокот на Светското првенство.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×