29
Барселона започна преговори за да го задржи Жоао Кансело и по крајот на актуелната позајмица од редовите на Ал Хилал.
Каталонскиот клуб веќе воспоставил почетен контакт со неговиот агент Жорже Мендеш, со цел да се разгледаат опциите за продолжување на соработката. Двете страни се отворени за продолжување на соработката.
Кансело е задоволен во Барселона и има јасна желба да остане на „Камп Ноу“, што дополнително ги охрабрува челниците на клубот да работат на договор.
Во наредниот период се очекуваат и директни разговори со Ал Хилал, со цел да се пронајде заедничко решение, бидејќи намерата на Португалецот е целосно јасна и насочена кон останување во Барселона.