Германската легенда удри по Винисиус: Постојано се жали и плаче!

by Стефан
1 минути читање

Легендарниот германски фудбалер Лотар Матеус, во пресрет на големото соочување меѓу Баерн Минхен и Реал Мадрид во четвртфиналето од Лигата на шампионите испрати критики за Винисиус Жуниор.

Матеус призна дека Бразилецот е одличен фудбалер, меѓутоа го критикуваше неговото однесување на теренот.

„Винисиус е, секако, одличен фудбалер, но постојано провоцира и кога некој ќе го собори на теренот, веднаш почнува да се жали, а потоа и да плаче. Тоа е типично за него“, истакна Матеус.

Германецот не застана тука. Тој упати критики и за одлуката на Реал Мадрид да ја бојкотира церемонијата за доделување на „Златната топка“ за 2024 година, оценувајќи дека станува збор за потег кој е целосно недозволив.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×