Тешкиот пораз од Манчестер Сити и елиминацијата од ФА Куп дополнително ја продлабочија кризата во Ливерпул, кој веќе извесен период е надвор од трката и за титулата во Премиер лига. Сезоната за „црвените“ сега се сведува на настапот во Лига на шампиони, каде ги очекува сериозен предизвик против ПСЖ, екипа која прикажува одлична форма.
Во меѓувреме, се поизвесно е дека ќе дојде до промена на клупата. Арне Слот наводно донел одлука да се повлече на крајот од сезоната, а информацијата веќе кружи во англиските медиуми и се очекува наскоро да добие и официјална потврда.
Како најсериозен кандидат за негов наследник се споменува Чаби Алонсо, кој со одличните резултати во Баер Леверкузен го привлече вниманието на европските гиганти.
Интерес за Алонсо покажаа и Реал Мадрид и самиот Ливерпул уште претходно, но според последните најави, токму „Енфилд“ би можел да биде неговата следна дестинација.