Артета: Со грешки како против Саутемптон, не може до полуфинале

by 24 фудбал
1 минути читање

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, побара реакција од својот тим по елиминацијата во четвртфиналето од ФА Куп. Лондонскиот клуб загуби на гостувањето кај Саутемптон со 2-1, со што го заврши настапот во ова натпреварување.

Примивме голови на начин кој не е својствен за нас. Не реагиравме добро на долгите топки и поради тоа бевме казнети. Имавме доминација и големи шанси, но тоа мора да се искористи. Ако правите вакви грешки во одбраната, тешко може да стигнете до полуфинале. Во текот на сезоната секогаш има тешки моменти. Сега сме во таква ситуација и мора да покажеме реакција. Очекувањата се големи и самите си поставуваме највисоки стандарди“, изјави Артета.

Арсенал претходно, на 22 март, беше поразен и во финалето на Лига куп од Манчестер Сити со 0-2, па сега „топчиите“ ќе се насочат кон борбата за трофеи во Премиер лига и Лига на шампиони.

Тимот од Лондон моментално е лидер на табелата во Премиер лигата со 70 бодови, а во четвртфиналето од Лигата на шампионите ќе се соочи со Спортинг.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×