Саутемпто, кој е член на Чемпионшип приреди големо изненадување во ФА Купот, елиминирајќи го Арсенал со победа од 2-1 во четвртфиналето. Иако „топчиите“ имаа повеќе од играта, контрола на топката и создадоа повеќе шанси, домаќините на крајот се радуваа на триумф.
Саутемптон поведе во 35. минута преку Стујарт, кој донесе предност за својот тим. Арсенал долго време се мачеше да го пронајде патот до мрежата, но конечно успеа да израмни во 68. минута со погодокот на Ѓокереш.
Сепак, кога се очекуваше гостите да направат целосен пресврт, следуваше шок. Чарлс во 85. минута повторно го доведе Саутемптон во водство, поставувајќи ги конечните 2-1 и обезбедувајќи голема сензација во ова натпреварување.