Голман во Турција даде гол од 80 метри (ВИДЕО)

by Стефан
0 минути читање

Кашимпаша славеше со 2-0 против Кајзери во натпревар од 28. коло во турската Суперлига, а дуелот го одбележа необичниот погодок на домашниот голман Андреас Јанотис.

Во 66. минута чуварот на мрежата се обиде со долго додавање да пронајде соиграч на противничката половина, но топката целосно го измами голманот на Кајзери и заврши во неговата мрежа.

Според турските медиуми, Јанотис постигнал редок погодок од голема далечина, односно од околу 80 метри, што беше еден од најинтересните моменти на натпреварот. 

Можно е и ова да ти се допаѓа

×