Mиовски стрелаше за Ренџерс – петти гол во првенството! (ВИДЕО)

by Стефан
0 минути читање

Македонскиот напаѓач Бојан Миовски со погодок го одбележа своето враќање на клупската сцена во дресот на Глазгов Ренџерс.

Миовски доби минутажа од стручниот штаб на дуелот против Данди Јунајтед и веднаш ја искористи шансата. Во 85. минута со прецизен удар ја потврди победата од 4-2, ставајќи точка на натпреварот.

За македонскиот репрезентативец ова беше петти погодок сезонава во шкотскиот шампионат, со што продолжува да остава значаен белег во редовите на „полицајците“

Можно е и ова да ти се допаѓа

×