Вардар ја прегази Македонија Ѓ.П и побегна на врвот!

by Стефан
1 минути читање

Фудбалерите на Вардар убедливо славеа над Македонија ЃП со 5-1 и ја искористија шансата повторно да се одлепат на врвот во Првата македонска фудбалска лига. „Црвено-црните“ го искористија киксот на Шкендија, која претходно загуби од Пелистер, па сега имаат предност од три бода на табелата.

Вардар одигра еден од најдобрите натпревари во пролетниот дел од сезоната и до убедливата победа дојде предводен од расположениот Хоакин Торес, кој постигна два гола и учествуваше во уште една акција што заврши со погодок.

Иако Македонија ЃП на стартот пропушти две големи шанси преку Ајдоган и Стоилов, Вардар беше тимот што го отвори резултатот. Во 31. минута Торес одлично продре и шутираше, голманот Јанков одби, а на вистинското место се најде Вековски кој донесе водство од 1-0.

Само пет минути подоцна гостите останаа со играч помалку откако Кабаркас доби црвен картон, а Вардар брзо го искористи тоа. Кастањеда доби топка по левата страна и со удар во пад го совлада Јанков за 2-0.

Во второто полувреме следуваше целосна контрола на натпреварот од страна на домашниот тим. Николов асистираше до Торес, кој од близина зголеми на 3-0, а потоа самиот Николов се запиша во листата на стрелците откако одлично ја смири топката со гради и прецизно биеше за 4-0.

Македонија ЃП успеа само да го ублажи поразот со голот на Галевски во 71. минута, но последниот збор го имаше повторно Торес. Аргентинецот во 75. минута направи одличен соло-продор, мина неколку противнички играчи и ја запечати убедливата победа на Вардар од 5-1.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×