103
Тажна вест доаѓа од Косово, каде што 43-годишниот Лирдон Губетини, член на ветеранската екипа Барлиева, го загуби животот откако му се слошило за време на натпревар против Дечан во рамките од Купот на ветерани.
Според информациите, трагедијата се случила вчера околу 17:35 часот, веднаш по завршувањето на првото полувреме. Губетини ненадејно колабирал на теренот, без претходни знаци, по што се струполил пред присутните.
Медицинскиот тим веднаш интервенирал, но, за жал, не успеал да го спаси. Точната причина за смртта ќе биде утврдена по обдукцијата, а првичните сомнежи се дека станува збор за срцев удар.