Нејмар има голема желба да биде дел од репрезентацијата на Бразил на Светското првенство, но според последната ситуација тоа ќе биде многу тешко.
Карло Анчелоти не го повика во националниот тим, пред сè поради недостиг на континуитет во формата, но исто така факт е дека Нејмар во последните неколку години не е на своето препознатливо ниво, што би можело да претставува и ризик за репрезентацијата.
Според бразилските новинари, 24 фудбалери веќе имаат сигурно место на списокот од 26 играчи кои Анчелоти ќе ги води на Мундијалот, а меѓу нив го нема Нејмар.
За преостанатите две места конкурираат тројца играчи, Ендрик, Игор Тијаго и Лукас Пакета.
Очигледно, Анчелоти сака тим кој нема да зависи од една ѕвезда, туку ќе се потпира на младост и квалитет, а во таквата концепција засега нема простор за Нејмар.