Виктор Бонифејс во дресот на Баер Леверкузен во еден период важеше за еден од најдобрите напаѓачи во светот. Постигнуваше голови без милост и беше клучен играч во шампионската генерација на Чаби Алонсо, но потоа следуваше голем пад во формата.
Нигерискиот напаѓач, кој сега се обидува да ја оживее кариерата во Вердер е далеку од своето најдобро издание. За овој тим одигра 11 натпревари без постигнат гол, а во меѓувреме заработи и повреда на коленото. Во моментов е надвор од тимот поради недоволна физичка подготвеност.
Во јавноста се појавија и фотографии на кои се гледа дека има значителен вишок килограми, што го потврди и тренерот на клубот од Бремен, Даниел Тиун.
Victor Boniface powrócił do treningów w barwach Werderu Brema 😳 (fot. Bild). pic.twitter.com/oIMyNeOgmR
— Marcin Borzęcki (@m_borzecki) April 1, 2026
„Очигледно е дека има вишок килограми. Тој тоа го знае, а го знаеме и ние. Би сакал да е во подобра форма. Мора да се докаже ако сака да влезе во тимот“, изјави Тиун.
Тренерот на Вердер се наврати и на неговите најдобри денови:
„Неверојатно е дека ова е истиот играч кој блескаше во сезоната кога Баер Леверкузен со Чаби Алонсо ја освои титулата. Од повредата што тогаш ја заработи, тоа веќе не е истиот фудбалер, а беше на чекор до трансфер во Милан.“
Тиун додаде дека напаѓачот во моментов не е подготвен за поголеми напори:
„Секако дека би сакале да го видиме во подобра физичка состојба. И самиот знае дека не е подготвен за повеќе од неколку минути. Никој не може да негира дека има вишок килограми.“