Македонија ќе ја загрева БиХ за Светското првенство!

by Стефан
0 минути читање

Македонската фудбалска репрезентација во јуни ќе одигра пријателски натпревар против Босна и Херцеговина, тврди порталот „спортспорт.ба“.

Нашата репрезентација загуби во баражот и не успеа да се пласира на Светското првенство наредното лето, додека Босанците ги елиминираа Италијанците, па за нив тој дуел ќе биде дел од подготовките пред настапот на Мундијалот.

Натпреварот би требало да се игра во Сараево, а точниот датум дополнително треба да биде потврден.

Светското првенство кое ќе се игра во САД, Канада и Мексико почнува на 11 јуни и ќе трае до 19 јули.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×