Главоболка за Баерн пред првиот меч против Реал во ЛШ

by 24 фудбал
1 минути читање

Баерн Минхен ќе биде без својот најдобар стрелец Хари Кејн на утрешниот натпревар против Фрајбург во Бундеслигата, потврди тренерот Венсан Компани.

Англискиот напаѓач се пожали на проблем со скочниот зглоб по репрезентативните обврски и нема да биде во комбинација, додека неговиот настап за првиот четвртфинален дуел од Лигата на шампионите против Реал Мадрид останува неизвесен.

Кејн тренираше добро до недела, а потоа почувствува проблем со зглобот за време на репрезентативните обврски. Тоа влијае на утрешниот натпревар и нема да биде достапен. Сепак, оптимист сум за вторник. Не е идеално, би сакал да играше против Фрајбург, но во моментов тоа не е можно“, изјави Компани.

Кејн сезонава е во фантастична форма со 48 гола на 40 натпревари во сите конкуренции, а во Лигата на шампионите има 10 погодоци и се наоѓа веднаш зад Килијан Мбапе, кој води на листата на стрелци.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×