Анчелоти го има на ум составот на Бразил за СП, а во него не е Нејмар!

by riste
1 минути читање

Бразилските медиуми тврдат дека Карло Анчелоти нема да подлегне на притисокот во јавноста и во последен момент да го повика Нејмар за настап на Светското првенство.

Нејмар одамна не играл за бразилската репрезентација, а ниту еднаш под водство на Карло Анчелоти, тој одамна е надвор од форма.

Но, сега кога се решава кој да оди на Светско, јавно почна да ја истакнува желбата за настап на Мундијалот, а тоа креираше лавина од реакции кои го подржуваа.

Сепак, Карло Анчелоти нема да го викне Нејмар на Светско, Италијанецот во глава го има конечниот список кој ќе го соопшти кога ќе дојде време, тврди „ЕСПН Бразил“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×