Манчестер јунајтед продава пет фудбалери, планира да инкасира преку 100 милиони

by bojan
1 минути читање

Според пишувањата на Скај Спортс, Манчестер јунајтед планира да инкасира преку 100 милиони евра од продажба на Маркус Рашфорд, Расмус Хојлунд, Мануел Угарте, Џошуа Зиркзе и Андре Онана.

„Ѓаволите“ ќе прават реконструкција на тимот по крајот на сезоната, а листата за отстрел е долга.

Како што пренесува Скај Спортс, Манчестер јунајтед планира да инкасира преку 100 милиони фунти од продажба на пет фудбалери.

На продажба одат Маркус Рашфорд, Расмус Хојлунд, Мануел Угарте, Џошуа Зиркзе и Андре Онана.

Од овие, најблиску до трансфер е Расмус Хојлунд, опцијата на Наполи (вредна 38 милиони фунти) за перманентен трансфер ќе стане обврска доколку биде обезбеден настап во Лигата на шампиони, и „наполитанците“ се на добар пат да завршат во топ четири.

Барселона има опција да го купи Маркус Рашфорд за 26 милиони фунти, но „каталонците“ се пишманат и сакаат да седнат на нови преговори.

Покрај овие петмина, други тројца ќе го напуштат Олд Трафорд беспари – истекуваат договорите на Касемиро, Џејдон Санчо и Тајлер Маласија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×