Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 19 години без триумф го заврши настапот на квалификацискиот турнир за пласман на Европското првенство во Холандија, откако во последното коло одигра нерешено 1-1 против Молдавија.
Противникот прв стигна до предност преку Росча по околу дваесет минути игра, а тоа беше и единствениот гол во првото полувреме. Во продолжението, Македонија успеа да израмни, Танчев погоди во 55. минута по асистенција на Мрмачовски и донесе бод за својот тим.
Претходно, избраниците на селекторот Капинковски беа убедливо поразени од домаќинот Холандија со 4-0, а одиграа и натпревар без голови против Фарски Острови. Со вкупно два освоени бода, Македонија го заврши турнирот на третото место во групата, пред селекцијата на Фарските Острови.