Титулата на Африканскиот куп на нации стана многу повеќе од еден нормален пехар за континенталниот шампион на Африка.
Последните информации велат дека Мароко планира да ја тужи Франција затоа што му дозволила на Сенегал да го покаже трофејот од Африканскиот куп на нации на Стад де Франс во Париз и покрај целата контроверзија околу титулата.
Сенегал во Франција играше пријателски меч против Перу, а пред натпреварот Сенегалците продефилираа со пехарот кој го освоија на Африканскиот куп на нации.
Тоа за нив беше прв натпревар по освоеното првенство на Африка.
Но, во Мароко сметаат дека трофејот е нивни откако го добија на зелена маса и сега ја обвинуваат Франција бидејќи не им забранила на Сенегалците да го користат „нелегалниот“ трофеј.
Ова е уште една бесмисленост кога се африканските земји во прашање.