Медиумите од „островото“ пишуваат за можноста Манчестер Сити и Њукасл да направат трампа во која „граѓаните“ ќе понудат четворица фудбалери за да ги добијат Сандро Тонали и Тино Ливраменто.
Сандро Тонали е во бележникот на „граѓаните“ како еден од приоритетите за засилување на средниот ред, и вчера се пишуваше дека Манчестер Сити е подготвен да инвестира 190 милиони фунти за ангажман на Италијанецот и Елиот Андерсон од Нотингем Форест.
Клубот од „Етихад“ мерка уште еден фудбалер на Њукасл, односно бекот Тино Ливраменто, па последните шпекулации говорат за мега трампа.
Наводно Манчестер Сити е подготвен да понуди дури четворица играчи – голманот Џејмс Трафорд, бековите Рико Луис и Иса Каборе, како и централниот дефанзивец Џума Ба, за да стигне до услугите на Сандро Тонали и Тино Ливраменто.