Му требаа само 10 минути да ѝ даде гол на Србија во дебито, а летоска Барса и Реал ќе војуваат за него

by bojan
1 минути читање

22 годишниот Виктор Муњоз вчера дебитираше за Шпанија и му требаа само десет минути да ја затресе мрежата на Србија, младото момче летоска може да биде инволвиран во еден од најкомплицираните трансфери.

Виктор Муњоз има чудна фудбалска приказна, роден е во Барселона, па помина три години во популарната „Ла Масиа“, но потоа преку школата „Дам“ заврши во академијата на лутиот ривал Реал Мадрид

Минатата сезона доби шанса и во првиот тим на „кралевите“ и тоа дебитираше токму против Барселона на „Ел Класико“ и малку фалеше да се прослави со гол во финишот од мечот.

За да добие поголема минутажа, Виктор Муњоз минатото лето беше продаден на Осасуна, младото момче ја искористи шансата и покажа што умее, па дури стигна и до репрезентацијата на Шпанија, вчера дебитираше во националниот дрес и му требаа само 10 минути за да ја затресе мрежата на Србија.

Па интересот за неговите услуги е голем, и летоска тој може да биде инволвиран во еден од најкомплицираните трансфери.

Изминативе денови често се пишува дека Барселона сака да го врати во своите редови, но проблем е тоа што Реал Мадрид има неколку клаузули.

„Кралевите“ можат да го вратат во своите редови во следните три години, и тоа за 8 милиони евра во јуни, за 9 милиони евра во 2027 и за 10 милиони во 2028.

Осасуна не помислува да го продаде за ништо под откупната клаузула од 40 милиони евра, а во случај Барселона да ја активира, половина од сумата ќе заврши во сметката на Реал Мадрид бидејќи клубот од „Бернабеу“ поседува 50% од сопственоста на Виктор Муњоз.

Останува да се види каква ќе биде иднината на Виктор Муњоз и дали младото момче ќе стане еден од малкумината кои го носеле дресот на двата лути шпански ривали.

ФОТО: X/Selección Española Masculina de Fútbol

Можно е и ова да ти се допаѓа

×