Проблем за светските шампион: Првиот стрелец во Франција може да го пропушти Мундијалот!

by Стефан
1 минути читање

Водечкиот стрелец на француското првенство, 23-годишниот напаѓач на Стразбур, Хоакин Паничели, заработи повреда на коленото за време на тренинг со аргентинската репрезентација пред пријателскиот натпревар против Мавританија.

Повредата доаѓа нешто повеќе од два месеци пред почетокот на Мундијалот, па постои ризик Паничели да го пропушти Светското првенство, на кое Аргентина ќе ја брани титулата.

„Хоакин Паничели се здоби со повреда на десното колено, а сериозноста ќе биде утврдена по дополнителни прегледи“, соопшти Фудбалската федерација на Аргентина.

Локалните медиуми наведуваат дека постои сомнеж за скинати вкрстени лигаменти, што би го оддалечило голгетерот од терените за подолг период.

Паничели дебитираше за националниот тим во ноември минатата година, а ова не е првпат да се соочи со слична повреда бидејќи во 2023 година беше надвор од игра шест месеци поради ист проблем кој би можел сега да се потврди.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×