Новиот селектор на Македонија, Гоце Седлоски ги одбра стартерите за денешниот бараж натпревар против Данска во Копенхаген, впечатлив е изборот во нападот.
Македонија за првпат ќе игра со Растодер и Ќамили во нападот како двоец.
Во средниот ред ќе бидат Елмас, Барди и Атанасов, а на страничните позиции дебитантот Херера и Чурлинов. Одбраната ја сочинува тројката Муслиу, Зајков и Стојчевски. На голот стандардно е Димитриевски.