Поранешниот македонски селектор, Игор Ангеловски – Мрме, без разлика на кавгата која ја водеше со дел од функционерите на ФФМ, ѝ посака среќа на Македонија вечерва против Данска.
Игор Агнеловски објави стори на својот Инстаграм профил со поддршка за Македонија.
Неодамна тој преку социјалните мрежи имаше расправија пред се со Горан Пандев, но и дел од останатите луѓе во ФФМ. Сепак, националниот интерес е пред се, па Мрме вечерва од срце ќе навива за Македонија.