Един Џеко би можел да стави крај на богатата кариера по крајот на сезоната, но само под еден услов. Искусниот напаѓач зимава пристигна во Шалке со јасна мисија да помогне клубот да се врати во елитата, а токму тоа ќе биде клучно за неговата конечна одлука.
Според германските медиуми, 40-годишниот голгетер сака да се прости од фудбалот на најдобар можен начин, со пласман на Шалке во Бундеслига.
Ситуацијата во Цвајте е неизвесна, Шалке е лидер, но има само бод предност во однос на Елверсберг и Падерборн, додека Дармштат заостанува два бода.
Од своето доаѓање, Џеко постигна шест гола и додаде три асистенции, потврдувајќи дека неговиот ангажман е полн погодок. Останува да се види дали тоа ќе биде доволно за враќање во елитата и совршен крај на кариерата.