Марота по познат рецепт го носи Касемиро во Интер?

by 24 фудбал
1 минути читање

Интер сериозно се подготвува за летниот преоден рок, а како главна цел се издвојува искусниот бразилски ас Касемиро.

Играчот за врска се поврзуваше со трансфер во Саудиска Арабија, но „нераѕурите“ се подготвени да се вклучат во трката и да го доведат од Манчестер Јунајтед, каде што се очекува да замине по крајот на сезоната. Директорот Бепе Марота сака да изведе уште еден типичен свој потег и да го доведе бесплатно Бразилецот.

Во Милано веруваат дека 34-годишниот фудбалер може да биде клучен фактор во средниот ред, лидер во соблекувалната и продолжена рака на тренерот на теренот, со што би донел стабилност и нов квалитет во тимот.

Интер и понатаму важи за фаворит за Скудетото, иако сезоната не се одвиваше според очекувањата, особено по елиминацијата од Бодо Глимт и неубедливите изданија во дерби натпреварите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×