Резервниот голман на Брајтон доби повик од Англија и без двоумење го откажа одморот

by 24 фудбал
1 минути читање

Неочекуван избор во составот на англиската репрезентација направи селекторот Томас Тухел, кој му испрати повик на резервниот голман на Брајтон, Џејсон Стил.

Интересно е што искусниот чувар на мрежата оваа сезона нема настап во Премиер лигата, но и покрај тоа доби шанса да биде дел од составот за пријателските натпревари. Одлуката се толкува како потег насочен кон атмосферата и тимската хемија.

Стил го прифатил повикот без двоумење, иако претходно имал планиран одмор со семејството.

Да, имав резервирано одмор, но тоа не е проблем. Сопругата ќе се погрижи за сè. Не постои сума на пари поради која би ја пропуштил оваа можност“, изјави Стил.

Во конкуренција за голманската позиција се и Џордан Пикфорд, Арон Рамсдејл, Дин Хендерсон и Џејмс Трафорд, па јасно е дека неговата улога најверојатно ќе биде во втор план.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×