Иако подолго време се шпекулираше за негово заминување, Душан Влаховиќ е сè поблиску до продолжување на соработката со Јувентус.
Клучна улога во промената на ситуацијата има Лучијано Спалети, кој инсистирал напаѓачот да остане и го убедил дека ќе има важна улога во тимот. По разговорите, раководството подготвило нова понуда.
Влаховиќ е подготвен на компромис, па наместо досегашната превисока плата, би прифатил значително пониски примања со бонус при потпис. Планот е да се потпише краткорочен договор на две сезони, со што клубот ќе избегне ризик да го загуби без обештетување. Сепак, кратењето на платата ќе биде речиси двојно бидејќи се шпекулира сума од седум милиони, наспроти досегашните 12 кои ги добиваше.
Со тоа, двете страни добиваат време и простор за евентуален трансфер во иднина доколку пристигне соодветна понуда. Јувентус не би му правел проблем на Србинот ако добие понуда која ќе ги задоволи барањата.