44
Милан веќе работи на засилувањата за следната сезона, а според „Скај Спортс“ приоритет е нападот. Во фокусот на „росонерите“ е напаѓачот на Болоња, Сантиаго Кастро.
Аргентинецот оставил силен впечаток кај Масимилијано Алегри и се смета за прва опција за позицијата централен напаѓач. Милан веќе го следи внимателно, а нивни скаути биле присутни и на мечот со Лацио.
Сепак, трансферот нема да биде лесен. Болоња ќе бара висока сума, а интерес за Кастро има и од Премиер лигата. Според „Трансфермаркт“ офанзивецот е проценет на 35 милиони евра.
Оваа сезона 21-годишниот напаѓач има 11 голови и четири асистенции на 41 натпревари во сите конкуренции.