Големо аргентинско име најави повлекување по СП

by 24 фудбал
1 минути читање

Додека фудбалската јавност ја очекува одлуката на Лионел Меси за продолжување на кариерата, еден од неговите најискусни соиграчи веќе најави точка на репрезентативниот пат. Николас Отаменди потврди дека по Светското првенство 2026 година ќе се повлече од дресот на Аргентина.

По Светското првенство завршува мојот циклус во репрезентацијата. Тоа ќе биде мојот последен мундијал, а потоа ќе бидам само уште еден навивач“, изјави искусниот стопер, кој на турнирот ќе има 38 години.

Отаменди зад себе има богата репрезентативна кариера, откако дебитираше во 2009 година, а досега запиша 129 настапи. Со Аргентина освои две титули на Копа Америка и беше дел од генерацијата која стана светски шампион во 2022 година во Катар. Што се однесува до клупската иднина, дефанзивецот на Бенфика остави простор за различни сценарија.

Не сакам ништо да додадам… Имам договор со Бенфика кој истекува во јуни“, кратко изјави Отаменди, а на шпекулациите за можен трансфер во Ривер Плата одговори со „ќе видиме“.

Јасно е дека искусниот стопер полека затвора едно големо поглавје, но до 2026 година ќе остане важен дел од аргентинската одбрана.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×