Николов: Со Данска нема што да загубиме, ќе излеземе и ќе го оставиме срцето на терен!

by Стефан
1 минути читање

Бобан Николов се најде на првиот список на селекторот Гоце Седлоски и по подолго време повторно е дел од репрезентацијата.

Во својата изјава пред натпреварот со Данска Николов истакна дека верува во изненадување, а кога е притисокот во прашање според него тој е на страната на Данците.

„Сите знаеме што значи да се игра за репрезентација. Тоа не може да се спореди со ништо, играш за својата држава и ја претставуваш. Се надевам дека ќе биде одлично и дека со моето искуство, заедно со сите во тимот, ќе придонесам да стигнеме до посакуваната цел.

Искрено верувам дека можеме. Нормално е да се надеваме, а ако ни е денот, можеме и да изненадиме. Сите веруваме и дојдовме тука со таа цел. Нема да се предадеме, ако сите одиграме на највисоко ниво, можеме да сонуваме за пласман. Прво размислуваме за Данска, тоа е најважниот натпревар. Притисокот е на нивна страна, а ние немаме што да изгубиме, можеме само многу да добиеме. Ќе влеземе смирено, ќе го оставиме срцето на терен, па што биде нека биде.

Селекторот носи агресија и силна мотивација. Знае како да ги поттикне играчите и мислам дека тоа е голем плус за нас. Ако таа енергија се пренесе на терен, можеме многу да постигнеме“, изјави Николов.

Македонија натпреварот против Данска го игра в четврток од 20:45 часот во Копенхаген, а ако биде подобри во овој дуел во последната пречка за Мундијалот би играле против подобриот од дуелот помеѓу Ирска и Чешка.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×