Павловиќ даде еврогол, Милан го победи Торино во калчото (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Милан стигна до важна победа и остана во каква-таква трка за титулата во Серија А, откако на „Сан Сиро“ славеше против Торино со 3-2 во рамките на 30. коло.

„Росонерите“ долго го кршеа отпорот на гостите, а предноста ја донесе Страхиња Павловиќ во 37. минута со одличен удар од далечина.

Сепак, Торино возврати пред паузата, откако Џовани Симеоне во 44. минута израмни по одбиена топка. Клучниот период од натпреварот беше почетокот на второто полувреме кога Милан за само две минути реши сè. Адриен Рабио во 54. минута погоди по убава акција, а веќе во 56. минута Јусуф Фофана ја зголеми предноста на 3:1.

Торино до крајот успеа само да намали преку Никола Влашиќ од пенал во 84. минута, но немаше сили за целосен камбек.

Со оваа победа Милан се искачи на второто место со 63 бода, додека Торино останува на 14. позиција со 33 освоени бодови.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×