Вакво нешто на Ливерпул не му се случило десет години!

by Стефан
1 минути читање

Поразот од Брајтон беше десетти за Ливерпул во тековната сезона на Премиер лигата, а до крајот на првенството остануваат уште два месеца.

За прв пат по сезоната 2015/2016, „црвените“ доживеаја двоцифрен број порази во лигата. Никогаш во ерата на Јирген Клоп не се случило тимот од „Енфилд“ да има толку многу изгубени натпревари во една сезона на Премиер лигата.

Избранците на Арне Слот од почетокот на 2026 година забележаа само четири победи во 11 кола, а дури шест натпревари завршија со пораз од 2-1.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×