Барселона со моќна партија го прегази Њукасл со убедливи 7-2 во реваншот од осминафиналето во Лигата на шампионите и без никакви дилеми обезбеди место меѓу најдобрите осум екипи во Европа. Каталонците одиграа фуриозно, особено во второто полувреме во кое постигнаа четири гола.
Во центарот на вниманието повторно се најде искусниот напаѓач Роберт Левандовскиi, кој со два погодока беше еден од клучните играчи на теренот. Полјакот уште еднаш потврди дека и понатаму е еден од најсигурните стрелци на европската сцена.
Со овие голови, Левандовски испиша нова историја во ЛШ, Њукасл стана дури 41-виот различен тим против кој тој постигнал гол во најелитното европско натпреварување и со ваков подвиг не може да се пофали ниту еден друг фудбалер.