Звучи чудно но вистинито: Њукасл потроши 10 пати повеќе од Барселона на засилувања

by bojan
1 минути читање

Барселона вечерва го пречекува Њукасл во реваншот во Лигата на шампиони, а пред натпреварот се појави една статиска која вели дека клубот од Сент Џејмс Парк минатото лето потрошил дури 10 пати повеќе пари на засилувања.

„Каталонците“ силно беа погодени од ковид-19 пандемијата која направи огромна дупка во буџетот, па иако поминаа шест години, клубот од Камп Ноу кубури со финансиите.

Тимот го градеа на играчи од школата како Кубарси, Жерард Мартин, Ерик Гарсија, Балде, Фермин, Марк Бернал, Касадо и Ламин Јамал, а инвестициите во засилувања се прилично ограничени.

Па во пресрет на реваншот против Њукасл во Лигата на шампионите, медиумите ја потенцираа разликата помеѓу двата клуба во овој сегмент – популарните „страчки“ минатото лето потрошиле дури 10 пати повеќе пари на засилувања.

Клубот од Сент Џејмс Парк инвестираше околу 278 милиони евра во играчи како Волтемаде, Еланга, Виса, Рамзи и Чао.

Барселона пак одвои скромни 27,5 милиони евра за Жоан Гарсија и Руни Бардгџи.

ФОТО: X/Newcastle United

Можно е и ова да ти се допаѓа

×