Пеп веќе не е толку сигурен, закажан е итен состанок во Манчестер!

by Стефан
1 минути читање

Манчестер сити доживеа елиминација од Реал Мадрид во осминафиналето на Лигата на шампионите, а по овој пораз на Островот тема е и иднината на Пеп Гвардиола.

Според информациите на „Дејли Мејл“ во следните денови е закажан клучен состанок на кој ќе се разговара за тоа дали Гвардиола ќе остане на клупата на Сити или клубот ќе почне нов проект со нов стратег.

Според шпекулациите, шпанскиот стратег би можел да ја напушти Англија по крајот на сезоната и да земе пауза од тренерската работа.

И покрај елиминацијата во Лигата на шампионите, Сити сè уште се бори за титулата во Премиер лигата, со 61 бод, девет помалку од водечкиот Арсенал, меѓутоа „граѓаните“ се и со натпревар помалку.

Најавите се дека во наредните неколку дена ситуацијата би требало да биде појасна.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×