Килијан Мбапе се врати во составот откако поради повреда пропушти пет натпревари. Французинот конкурира за настап во реваншот од осминафиналето во Лигата на шампионите, во кој Манчестер Сити вечерва од 21 часот го пречекува Реал. Во првиот натпревар минатата недела, „кралевите“ славеа со убедливи 3-0, со хет-трик на Феде Валверде.
Шпанските медиуми пренесуваат интересна сцена од последниот тренинг на Реал пред натпреварот во Манчестер. Иако сите играчи и стручниот штаб биле собрани на теренот, тренингот не започнал веднаш. Наскоро станало јасно и зошто Мбапе доцнел и дополнително се приклучил, дотрчувајќи на теренот од тунелот на „Етихад“.
Камерите ја уловиле и реакцијата на тренерот Алваро Арбелоа, кој на доцнењето на Мбапе реагирал со кисела насмевка, сцена која брзо стана хит на социјалните мрежи. Сцената можете да ја погледнете ТУКА.
Шпанците потенцираат дека некој друг фудбалер веројатно би се соочил со многу посериозни последици за вакво однесување, но на Мбапе му се гледа низ прсти поради неговата огромна важност за тимот. Оваа сезона тој има импресивен учинок од 38 голови и шест асистенции на 33 натпревари.