Првпат се појавија во јавност по бурниот период, две ирански фудбалерки тренираа со нов клуб во Австралија (ФОТО)

by Стефан
1 минути читање

Две фудбалерки од женската репрезентација на Иран за првпат јавно се појавија откако добија азил во Австралија, приклучувајќи се на тренинг на професионален клуб во Бризбејн.

Фатемех Пасандидех и Атефех Рамезанисадех со насмевки позираа во дресот на Бризбејн Роар, заедно со останатите членови на тимот.

Оваа ситуација доаѓа во момент кога остатокот од иранската делегација ја напушти Малезија и замина кон Оман, со што се затвора турбулентниот период по елиминацијата од Азискиот куп. Австралиските власти тогаш им понудија хуманитарни визи на фудбалерките, а седум од нив првично прифатија азил. Сепак, пет подоцна се премислија и ѕтргнаа назад кон Иран.

Клубот Бризбејн Роар, кој се натпреварува во елитната А-лига за жени, им посака топло добредојде на двете фудбалерки преку социјалните мрежи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×