Во пресрет на реваншот против Аталанта во Лигата на шампиони, Баерн Минхен се наоѓа во необична ситуација, има четворица повредени голмани и големи се шансите помеѓу стативите да застане 16 годишниот Ленард Прескот.
Пресметката помеѓу Баерн Минхен и Аталанта може да донесе нова историја во Лигата на шампиони и на теренот да го видиме најмладиот голман.
„Баварците“ се најдоа во необична ситуација, Нојер и Улрајх (вториот и третиот голман) се повредени и се надвор од конкуренција, Урбиг (вториот голман) е под голем знак прашалник поради потрес на мозокот, а 18 годишниот Кланац (четвриот избор) исто така се мачи со повреда.
Па се упатува на тоа 16 годишниот Ленард Прескот да застане помеѓу стативите и да дебитира во првиот тим.
Младото момче е родено во Њујок, но израснато во Берлин, и е исклучително висок за својата возраст – 194 цм.
Ленард Прескот има репутација на еден од најперспективните голмански таленти во својата генерација, му се препишува голем потенцијал за развој, особено поради комбинацијата од висина, агилност и квалитет во градење на играта, како и брзите реакции и рефлекси во ситуациите „еден на еден“.
Особено е вешт со нозете, еден од тренерите вели дека Ленард Прекот е толку добро технички поткован што без проблем може да игра и како фудбалер од средниот ред.
Па доколку во среда тој добие шанса да дебитира, ќе стане најмладиот голман со настап во Лигата на шампиони, рекордот во моментов го држи Мартен Вандеворт, кој со 17 години и 287 дена бранеше за Генк против Наполи во декември 2019.