Челси го чека и втора казна, дали ќе бидат одземени бодови или ќе помине само парично?

by bojan
1 минути читање

Медиумите од „островото“ пренесуваат дека „сините“ го чека и втора казна, овој пат од ФА, но за очекување е повторно да поминат само со висока парична глоба, и да не им бидат одземени бодови.

Премиерлигата денеска ги прогласи Челси за виновен по обвинувањата за непријавени исплати кон трети страни (играчи, нерегистрирани агенти и други трети страни).

Во периодот од 2011 до 2018 година, кога газда беше Роман Абрамович, под рака биле исплатени 47,5 милиони фунти, средства со кои се помогнало да се олеснат трансфери на фудбалери како Еден Азар, Вилијан, Рамирез, Давид Луиз, Андре Шурле, Немања Матиќ, Самуел Ето и уште тројца неименувани играчи.

Премиерлигата го казни Челси со рекордна парична глоба од 10,75 милиони фунти, како и едногодишна забрана за трансфери која е условна во следните две години, како и забрана за трансфери во академијата во период од девет месеци која стапува на сила веднаш.

Но како што вечерва објавија неколку извори, клубот од Стемфорд Бриџ го чека и втора казна, овој пат од ФА.

Фудбалската асоцијација ја привршува својата истрага, но се очекува Челси и тука да избегне спортска казна, односно одземање на бодови, и ќе помине само со висока парична глоба.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×