ФФМ потврди: Судијата не погрешил со пеналот за Вардар (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Вчера во ПМФЛ, Вардар ја победи Брера со 1-0, а до овој триумф црвено-црните стигнаа со гол од пенал во последните моменти од средбата.

Се играше 94. минута кога ВАР системот реагираше и беше досудена најстрога казна, а од ФФМ потврдија дека пеналот судијата Стојанче Трпчевски сосема оправдано го досудил.

„За жал, во 90+4. минута од натпреварот повторно се потврди потребата и целта од воведувањето и примената на ВАР технологијата. Во ситуација кога главниот судија, поради својата поставеност и агол на гледање, не можеше да забележи очигледна и казнива игра со рака од одбранбениот играч на ФК АП Брера, по извршена исклучително брза и точна проверка од ВАР судијата Никола Костенчев, кој утврди јасен и очигледен доказ, правилно и навремено беше интервенирано.

Со тоа беше донесена исправна одлука – досуден казнен удар за ФК Вардар, поради игра со рака која не е потпирачка, туку е во неприродна положба и одвоена од телото, со што одбранбениот играч при блокирањето на ударот го зголемува волуменот на своето тело“, стои во соопштението.

Исто така од ФФМ потенцираат и дека комплетното судење на натпреварот на Трпчевски е оценето како позитивно.

Ситуацијата од пеналот можете да ја погледнете – ТУКА.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×