23
Струга со убедливи 3-0 ја совлада екипата на Македонија Ѓорче Петров во првиот меч од третиот дел од сезоната во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), стружани сите три гола ги постигнаа во првото полувреме.
Серијата погодоци беше отворена уште во седмата минута кога Хамза постигна гол по еден огромен кикс на голманот Јанков.
Во 26. минута Бојку реализираше за водство на Струга и од 2-0.
Пред крајот на првиот дел Јевтоски ги постави конечните 3-0.