Репрезентација ќе патува 12 часа низ воена зона, ама нема да се откаже од баражот за СП!

by 24 фудбал
1 минути читање

Фудбалската репрезентација на Ирак се соочува со сериозни проблеми околу патувањето на интерконтиненталниот бараж за пласман на Светското првенство. Поради затворениот воздушен простор и безбедносната ситуација во регионот, фудбалерите на Ирак би можеле да бидат принудени на долга и комплицирана рута за да стигнат до местото на одигрување на натпреварот.

Според планот кој се разгледува, селекцијата најпрво би патувала по копнен пат од Багдад до границата со Јордан, патување кое може да трае и до 12 часа. Оттаму репрезентацијата би продолжила со авионски лет кон Мексико, каде што е закажан решавачкиот бараж за пласман на Мундијалот.

Причината за ваквата ситуација е актуелниот конфликт меѓу Иран и Соединетите Американски Држави, поради кој ирачкиот воздушен простор моментално е затворен. Поради недостигот од време, најреалната опција е делегацијата да тргне од Багдад околу 20 март и по копнен пат да стигне до Јордан, од каде што со комерцијален лет би продолжила кон Мексико.

Во меѓувреме, Ирак внимателно ја следи и ситуацијата со Иран, бидејќи токму оваа селекција се споменува како еден од кандидатите што би можеле да го заменат Иран доколку тој се повлече од Светското првенство 2026.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×