Азар: Би го укинал ВАР, има некоја магија во неправдата!

by riste
1 минути читање

Поранешниот фудбалер на Челси и Реал Мадрид, Еден Азар даде интересна изјава за ВАР технологијата, смета дека таа ги убива емоциите.

Тој смета дека подобро е фудбалот да е со лоши и неправедни одлуки отколку со ВАР технологија.

„Има некоја магија во тоа фудбалот да е неправеден. Дури и кога ни е тешко да ја прифатиме таа неправда како играчи или навивачи. Го гледав мојот брат Торган на натпревар против Лувен. Еден играч даде фантастичен гол. Мораше да чека пет минути за да го прослави. Многу ми е лошо тоа. Би го отстранил ВАР во целост од фудбалот“, рече Азар.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×